Поврзете се со нас

Италија

Виери го советува Интер: Не би се откажал од Лаутаро за да го доведам Дибала

Објавено

на

Кристијан Виери ги коментирал последните шпекулации поврзани со пристигнување на Пауло Дибала во редовите на Интер, потенцирајќи дека ангажманот на Аргентинецот би имал логика само со задржување на еден негов сонародник.

Популарниот Бобо не гледа логика во потегот Интер да се откаже од Лаутаро Мартинез поради Дибала.

– Ангажманот на Дибала е добра идеја, но само ако тоа не значи дека Интер мора да се откаже од Лаутаро.

– Јас би го задржал Лаутаро кој имаше одлична сезона, не би се откажал од него без посебна финансиска причина, – вели Виери.

Поранешниот напаѓач го коментирал и ланското заминување на Ромелу Лукаку.

– Лукаку направи професионален избор, ја избра опцијата за која мислеше дека е најдобра за него. Фудбалот е работа во која можеш да се вратиш таму каде што веќе си работел, погледнете го примерот на Бонучи и неговиот трансфер во Милан, – вели Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни