Италија
Виери го избра најдобриот италијански тренер во историјата на фудбалот: Никој не направи нешто слично

Кристијан Виери е се повеќе популарен со својот интернет канал насловен „Бобо ТВ“, но сега направи и ексклузивно интервју за „ДАЗН“ во кое го пофали Куп успехот на Интер, но говореше и за тренерите кои направија револуција во италијанскиот фудбал.
Легендарниот голгетер во споменатото интервју потенцира дека секогаш му било подобро и полесно да соработува со тренери кои имаат „поцврста рака“ и кои бараат максимум на тренинзите, но вели дека никој од актуелните тренери не може да се спореди со двајцата најголеми во историјата.
Виери доби за задача да го посочи најдобриот тренер во Италија, но иако на прво место го става Ариго Саки, сепак не пропушта да го спомене и Марчело Липи.
– Многумина ме прашувале за ова, па јас ќе кажам Саки. Тој ја направи револуцијата во италијанскиот фудбал. Тој направи нешто што никој нема направено. Никој не го повтори она што тој го направи со Милан.
– После него го сместувам Липи, кога отидов во Јувентус кај него, тој беше напред психички и физички. Тој уште тогаш имаше методи кои сега почнуваат да ги применуваат некои тренери. Освои се, стана светски шампион, тој и Саки се најдобри, – вели Виери.
-
Англијапред 9 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 5 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 23 часа
Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)
-
Германијапред 7 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 8 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 6 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…