Поврзете се со нас

Италија

Виери го анализираше италијанското фијаско на ЕП и ја распредели вината: Треба да се признае реалноста

Објавено

на

Лучано Спалети добива големи критики за начинот на кој го водеше италијанскиот тим на Европското првенство, па иако доби рафал од напади во изминатите седум дена, има такви кои мислат дека вината треба да се бара кај сите.

Кристијан Виери верува дека селекторот е најодговорен за неуспехот, но додава дека вината треба да се бара и кај Федерацијата, но и кај самите играчи кои не ги исполнија очекувањата.

Бобо се обиде да биде резервиран и поприбран во својата анализа за Европското првенство, а тој е еден од ретките кои сметаат дека играчите сепак дале се од себе.

– Вината треба да се бара кај сите. Јас секогаш сум бил од оние кои гледаат групно. Ова е екипен спорт, вината треба да се бара кај сите, а не кај поединци.

– Очекував многу повеќе, исто како сите останати. Ова беше лошо Европско првенство и нема ништо лошо да се признае тоа, нема ништо лошо да се признае реалноста. Ние сме Италија, а Италија не игра само да се појави на Европско и Светско првенство. Италија секогаш оди на победа, оваа земја е луда за фудбалот и не може да се задоволиме само со тоа што сме учествувале.

– Тренерот сносува најголема одговорност, но тоа е дел од неговата работа. Мора сите да се подобриме, селекторот и Федерацијата веќе го знаат тоа. Има моменти во фудбалот кога ништо не ви оди, кога се мачите да направите билошто. Тоа е дел од спортот и мора да се распредели вината. Сигурен сум дека играчите дадоа се што имаа, но понекогаш ѕвездите на небото не се наредени за вас, – вели Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни