Виера призна дека е заинтересиран за работата во Арсенал: Не можете да го игнорирате…

Patrick Vieira

Поранешниот француски репрезентативец и сегашен предводник на Ница, Патрик Виера призна му е привлечна опција да седне на клупата на премиерлигашот Арсенал.

„Топчиите“ останаа без тренер откако отказ доби Унаи Емери и се споменуваат неколку имиња како можни наследниц на Шпанецот, а едно од нив е и она на легендата на клубот од северен Лондон.

-Никогаш не можете да го игнорирате клубот каде што сте минале девет години. Но, искрено, јас сум фокусиран на овој проект во Ница, се чувствувам многу добро овде. Ова е многу возбудлив проект. Отсекогаш сум велел дека сум среќен во Ница. Сите работиме да го придвижиме клубот напред и постои потенцијал, -истакна Виера.

Facebook Коментари