Поврзете се со нас

Италија

Виеира го нападна судијата, па додаде: Сакам да видам разочарување како она кај Балотели

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Патрик Виеира дебитираше со реми на клупата на Џенова, но во фокусот на италијанската јавност се најде нервозната реакција на Марио Балотели кога влегуваше во игра.

После пишувањата за нивниот нарушен однос од периодот во Ница, Виеира денеска на дебито на „Мараси“ го стави Балотели во игра во 89-та минута, па од фацијалниот израз на напаѓачот можеше слободно да се заклучи дека е разочаран и лут.

Новиот тренер на Џенова не можеше да избегне прашања на оваа тема по натпреварот, но пред да дојде ред на тоа, Французинот го искритикува и главниот судија кој досуди пенал за Калјари во 88-та минута.

– Тешко е да се прифати одлука како онаа за вториот пенал. Со сета почит кон судијата, но сметам дека направи грешка за вториот пенал. И првиот беше иритантен, но вториот беше целосно несфатлив. Не се согласувам со објаснувањето кое го даде судијата, но сега мора да се насочиме кон следниот предизвик.

– Балотели? Марио беше разочаран и тоа можеше да му се прочита од лице. Сакаше да влезе порано во игра, но сакам такви разочарувачки реакции од моите играчи. Тоа покажува дека им значи да се борат за своето место во тимот, – изјави Виеира.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни