Видиќ за најтешкиот противник во кариерата: Изгледа како човек кој не може да истрча 10 метри, а потоа…

vidic-nos

Немања Видиќ имаше кариера на која можат да подзавидат најголем дел од стоперите кои добиваат шанса да заиграат во фудбалската елита, не само поради успесите кои ги оствари како член на Манчестер Јунајтед, туку и поради фактот што негов партнер во одбраната беше Рио Фердинанд.

Српскиот централен дефанзивец освои се што можеше да се освои во годините кои ги мина на театарот на соништата, период од кариерата кој му овозможи да игра и против најдобрите играчи во светот, а дел од нив и натаму се уште се дел од Премиер лигата. Јавноста постојано го издвојуваше Фернандо Торес како најтежок противник за Видиќ поради стилот на игра, но самиот Србин вели дека потежок противник му бил Кун Агуеро, играчот кој придонел да го доживее и најлошото искуство како играч на Јунајтед.

– Агуеро е најнезгодниот противник што може да го замислите. Изгледа како човек кој не го интересира фудбалот, како играч кој не сака да биде на теренот. Изгледа како некој што не планира да истрча десет метри, а потоа „бум“. Прави спринт и не знаете што ќе се случи. Убеден сум дека Агуеро е роден со инстинкт на дефанзивец. Знае каде ќе дојде топката и потоа ве напаѓа. Неговото ниско тежиште му помага лесно да го менува правецот. Играв против него кога загубивме од Сити 4:1, тоа беше мојот најлош меч како играч на Јунајтед, мое најлошо искуство, – вели Србинот во интервјуто за „Атлетик“.

Facebook Коментари