Балкан
Видиќ се повлече од претседателската битка: За четири години ќе биде уште полошо

За утре беше закажан финалниот чин за бирање нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, но истиот е решен уште пред да дојде вистинскиот час, односно уште од денес познато е дека нов мандатар ќе биде Драган Џајиќ.
Причина за тоа е повлекувањето на кандидатурата на единствениот ривал во претседателскиот избор, легендарниот Немања Видиќ кој реши да се повлече после сите притисоци, а воедно и познатиот епилог од гласањето уште пред да се пристапи кон тоа.
Поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед имаше голема желба да донесе промени во српскиот фудбал, но за такво нешто ќе мора да почека уште најмалку четири години, бидејќи како што најавува самиот, ова повлекување не значи дека се откажува од својата намера.
– Почитувани љубители на фудбалот, пред нашиот фудбал се големи предизвици. Многу од тоа може подобро и мора да биде подобро. Мојата идеја беше и остана иста, да ги обединам врвните професионалци и да го решиме тоа поквалитетно од било кој во Европа. За жал, на секој чекор кон тоа да станам претседател на ФСС, јасно ми беше ставено до знаење дека таа шанса нема да ја добиеме. Поради тоа, сакам да ве известам дека ја повлекувам својата кандидатура за претседател на ФСС.
– Одговорноста за решавање на сите големи предизвици кои се нас ги презема истата група на луѓе кои ги создаде тие проблеми. Дефинитивно не сум оптимист по тоа прашање и мислам дека за четири години ќе биде уште полошо од сега. Повлекувањето на кандидатурата не значи дека се повлекувам од српскиот фудбал. Верувам во својот тим и во нашата визија, како и во помошта која ќе ја добиеме од нашите пријатели во европскиот и светскиот фудбал. Она што за жал не можеме да го почнеме да го работиме сега, се надевам дека ќе може во блиска иднина.
– Благодарност до сите што ме поддржаа, посебно оние кои јавно ме поддржаа и покрај сите притисоци. Многу ми е важно што ја почувствував и поддршката од народот. За жал, оние немаат право на глас и не одлучуваат. Сакав да обединам, а не да раздвојам, сакав да бидам решение, а не проблем. Луѓето во српскиот фудбал и делегатите во Советот веќе изгласаа уште пред доставената кандидатура и со тоа се урива кредибилитетот на овој избор. За крај, горд сум што покажавме дека постои и млада и поинаква фудбалска сила во Србија, Србија на иднината, – порачува Видиќ.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 20 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 23 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец
-
Светпред 12 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……