Поврзете се со нас

Балкан

Видиќ: Дали треба прво да завршам во затвор, па да добијам функција во српскиот фудбал?

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Немања Видиќ е едно големо прославено име, ас кој своите најдобри години ги мина во Манчестер Јунајтед, клуб со кој ги освои сите можни титули.

Веќе некое време тој е во фудбалска пензија со тоа што во меѓувреме се обиде да стане претседател на Фудбалската федерација на Србија или поточно сакаше тоа да го направи за да потоа ја повлече кандидатурата, поточно остави Драган Џајиќ да ја преземе таа функција.

Видиќ и тогаш и денеска смета дека некои работи не функционираат како во фудбалот така и општеството во Србија, па во интервјуто за НИН распали без влакна на јазикот.

-Како Драган Џајиќ кој беше во затвор и призна дека е вмешан во малверзациии и Звездан Терзиќ кој не ја докажа својата невиност, процесите против него застареа, ги водат двете најголеми организации во српскиот фудбал – ФСС и Звезда. Тоа е прашање што сите треба да го поставиме.

-Џајиќ четири години не успеа да ја докаже својата невиност и потоа пред 11 години тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, го аболицираше што Џајиќ го прифати и со тоа призна дека ја украл Звезда, односно дека учествувал во малверзации, -рече Немања кој потоа говореше и за Терзиќ.

-Тој зборува дека е горд на тоа што бил во затвор и што таму запознал многу квалитетни луѓе. Немам проблем Терзиќ да си ги воспитува децата на овој начин. Но, тој ги испраќа тие пораки до моите деца, до нашите деца. Дека е во ред да се оди во затвор, дека тоа е начин да се засилиш и да постигнеш успех.

-И сега како некој млад човек да го послуша татко му и да почне да работи од 9 до 17 часот, да работи напорно, да биде искрен… Се повеќе деца сакаат да бидат Звездан Терзиќ. Дали сакаме тоа да го оставиме на нашето општество, -порача легендарниот Видиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни