Италија
Видео во кое уживаат фановите на Јуве: Бесот на Лаутаро по поразот во Торино

Интер одново покажа слабости на натпревар против еден од најсилните тимови во Италија и тоа полека се претвора во голем проблем за актуелниот италијански шампион, кој од стартот на сезоната запиша само три победи на десет дуели против топ 8 екипите во Серија А.
„Нераѕурите“ вчера загубија на гостувањето во Торино во големото дерби со Јувентус и пропуштија убава можност да се искачат на врвот, па така Наполи остана првопласиран на табелата и по најновата натпреварувачка рунда.
Интер не профитираше од подоброто прво полувреме во кое не реализираше неколку извонредни шанси, но потоа беше евидентно послаб од Јувентус, кој можеби го одигра и најдоброто полувреме во последно време.
Јувентус победи со голот на Консеисао и се искачи на четвртото место на табелата, а сатисфакцијата за домашните фанови беше поголема и поради бесот кој го искажа Мартинез.
Капитенот на Интер навистина тешко го прифати поразот од големиот ривал, нешто што не го криеше веднаш по последниот судиски свиреж.
Lautaro uncensored pic.twitter.com/4yoI1VjMWK
— Nero (@Levitatingzebra) February 16, 2025
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона