Поврзете се со нас

Шпанија

Видео од вистински агол открива: Како нервозниот Анчелоти ја коригира дефанзивната игра на Винисиус

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти по пласманот во финалето во Копа дел Реј не криеше дека Винисиус Жуниор е еден од клучните за таквиот епилог, но пред да дојдат на ред пофалбите за бразилскиот фудбалер, мора да се напомене дека Италијанецот во неколку наврати имаше забелешки за својот фудбалер.

Италијанскиот стручњак не беше задоволен од начинот на кој Винисиус покрива во фаза на одбрана, па во еден момент беше подготвен и да го замени.

Доказ за тоа е видеото кое го објавија специјализираните шпанските емисии кои се занимаваат со детали кои не се пренесени во телевизискиот пренос, а на кое се гледа какви замерки имал Италијанецот за Вини.

– Не зборувај, не зборувај….. Оди да играш фудбал, играј фудбал…… Тоа е твој играч, тоа е твој играч, – му викал Карло на Винисиус, па во еден момент им вели на своите помошници да го повикаат Брахим Дијаз.

Можеби клучен за останувањето на Винсииус во игра беше продорот кој го имаше во акцијата за 2:3, по што Бразилецот почна да игра многу подобро и до крајот беше еден од најопасните на теренот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни