Поврзете се со нас

Англија

Видео од трибините улови специјален момент: Реакцијата на Онана по победничкиот гол на Диало (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Андре Онана доби многу критики за головите кои ги прими против Нотингем Форест и Викторија Плзен, но во неделата беше на висина на задачата и беше стабилен меѓу стативите во пресметката со лутиот градски ривал.

Манчестер Јунајтед се избори за драматичен пресврт во самиот финиш од дербито и извојува победа од 1:2, а херој на натпреварот беше Амад Диало.

Младото крило кое најпрво се избори за пенал, во 90-та минута погоди за победа и го реши натпреварот, момент кој донел и голема еуфорија на спротивната страна од теренот.

Додека играчите на резервите на Манчестер Јунајтед го славеа голот на Дало во близина на корнер знаменцето, Андре Онана бил осамен пред својот гол, па погодокот за победа го славел заедно со навивачите на гостинската трибина.

Онана приредил свое шоу по погодокот на Амад и бурно реагирал во емотивните моменти, а ова видео беше уловено од фан кој го снимил голманот од трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни