Шпанија
Видео од трибината на „Сан Мамес“ открива: Мбапе непотребно дриблаше, Белингам беснееше во шеснаесетникот (Видео)
Килијан Мбапе ја презема одговорноста за поразот на Реал Мадрид кај Атлетик Билбао и посочи дека е време да го покаже вистинското лице, особено откако двапати во краток временски интервал го чинеше својот тим со промашувања од белата точка.
Французинот повторно ја зема топката во своите раце и беше решен дека ќе постигне гол за израмнување на „Сан Мамес“, но наместо тоа, беше лесно прочитан како што беше случај на „Енфилд“ и си заработи нова серија критики за своите изданија.
За да биде уште полошо за Французинот, во прилог не му одат ниту реакциите на неговите соиграчи, кои од време на време не се задоволни со потезите кои ги повлекува на теренот.
Џуд Белингам беше првиот кој го тешеше Мбапе откако не го реализираше пеналот, но 20-тина минути подоцна, Англичанецот беснеел во шеснаесетникот во финишот од мечот.
Видео од трибината на „Сан Мамес“ го открива моментот кога Мбапе непотребно се двоумеше и дриблаше во аголот во ситуација кога можеше да нафрли, а ваквиот епилог до толку го исфрустрирал Белингам, што Џуд со бесни реакции не го криел незадоволството.
This Jude Bellingham reaction is literally all of us whenever Mbappe has the ball…
pic.twitter.com/LE4oQeIbhF— Noodle Vini (@vini_ball) December 5, 2024
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот