Поврзете се со нас

Шпанија

Видео од трибината на „Месталја“ открива: Белингам со невкусен потег го провоцирал Димитриевски (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Столе Димитриевски имаше една од главните улоги во најголемиот инцидент кој се случи пред два дена на „Месталја“, односно беше играчот на Валенсија кој успеа да изнуди црвен картон за Винисиус Жуниор.

Македонскиот чувар на мрежата иницираше еден мал контакт со Бразилецот откако овој се тркачаше во шеснесетникот на Валенсија, по што следеше агресија од страна на ѕвездата на Реал која беше казнета со исклучување.

Главниот судија на мечот покажа црвен картон по проверка на ВАР, но пред да дојде до тоа, неколку играчи на Реал му се нафрлија на Димитриевски и имаа забелешки за начинот на кој изнуди мешаница.

Поради караницата, Столе и Лукас Васкез беа играчите кои добија жолти картони, но видео од трибината на „Месталја“ сега открива дека крајно некултурен бил и Џуд Белингам.

Англискиот фудбалер се решил на навистина низок начин да го провоцира македонскиот репрезентативен голман, бидејќи му го испразни шишето  и практично го гаѓаше со вода додека одеше накај него.

Овој момент не беше забележан од страна на телевизиските камери и оние на ВАР, па истиот воопшто и не беше прегледуван во видео собата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни