Поврзете се со нас

Европски првенства

Видео од соблекувалната: Арда добил специјален повик од Ердоган по ремек-делото во Дортмунд

Објавено

на

Foto:instagram.com/millitakimlar

Турција вчера со спектакуларни голови ја откажа Грузија и ја запиша првата победа на Европското првнество, но посебно неверојатен беше оној на младата ѕвезда на Реал Мадрид.

Арда Гулер испати неодбранлив шут во голот на Мамардашвили и испорача кандидат за гол на турнирот во Германија, а покрај пораката од Карло Анчелоти за која самиот говореше по мечот, младиот талент на Реал добил повик и од турскиот претседател.

Реџеп Таип Ердоган ги следи сите спортски успеси на Турција и не пропушта шанса да искомуницира со главните актери, па така било и вчера по средбата која се одигра во Дортмунд.

Турската Федерација го откри разговорот кој Ердоган го имал со Монтела и со дел од турските фудбалери, а најсимпатича е конверзацијата со Арда кој вчера стана најмладиот играч кој постигнал гол на едно Европско првенство.

– Арда, го чекаме следниот гол на овој турнир. Овој гол ќе биде еден од најубавите на ова Европско првенство. Ви бакнувам очи на сите во тимот….., – му порачал Ердоган на Гулер, по што овој возвратил.

– Претседателе, се надевам дека ќе има уште вакви голови……..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни