Поврзете се со нас

Лига Европа

Видео од хаосот во Лестер: Полските хулигани шутираа полицаец на скалите

Објавено

на

Полските навивачи се познати по тоа што имаат голема групација на хулигани во своите редови, нешто што беше прикажано на дело и вчеравечер во Лига Европа.

Хулиганите на Легија Варшава најпрво ја „запалија“ трибината на која беа сместени со пиротехнички средства, а потоа влегоа и во жестоката пресметка со полицијата.

Луѓето задолжени за безбедност долго не можеа да излезат на крај со бесните Полјаци и добар дел од полицајците настрадаа од пресметката со навивачите, а излегоа и видеа кои ја доловуваат сликата за целата бруталност на трибината.

Хулиганите успеаја да дофатат неколку полицајци, но еден го извлече најдебелиот крај и доби неколку шутеви и беше спуштен по скалите на трибината на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер.

Кога е резултатот во прашање, Лестер победи со 3:1 и изби на првото место во групата Ц во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни