Поврзете се со нас

Франција

Видео од безбедносните камери: Како хулиганите на Марсеј го освоија и запалија тренинг центарот

Објавено

на

blank

Најрадикалните навивачи на Марсеј го опколија и освоија тренинг центарот во кој тренираат и се стационирани водечките луѓе на клубот, а инцидентот од крајот на месец јануари сега беше прилично добро реконструиран од страна на угледниот „Лекип“.

Познатиот француски весник понуди видео материјали од безбедносните камери кои досега не беа објавени во јавноста, а истите најдобро докажуваат дека нападот од страна на хулиганите не бил воопшто наивен.

Иако главен плен беа водечките луѓе и директорите на клубот, во навистина незавидна ситуација се најдоа и играчите и тренерот Вилјаш Боаш, кој на видеото се гледа дека добил жив ѕид од страна на редарите.

Дефанзивецот Алваро заврши во болница со повреди откако се обидувал да ги смири разбеснетите навивачи, а видеото ни доловува дека истите ги добил откако бил гаѓан и погоден со камења.

Чиста среќа за играчите е тоа што полицијата успеала да дојде на време за да го исконтролира нередот, кој малку фалеше да се претвори во уште поголем хаос.

Овој инцидент резултираше со големи промени во раководството на Марсеј, а Вилјаш Боаш повеќе не е тренер на првиот тим….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни