Поврзете се со нас

Англија

Видео на викендот од Премиер лигата: Фан на Вулвс со луда техника се обиде да го деконцентрира „пеналџијата“ Клајверт

Објавено

на

Foto:x.com/afcbournemouth

Џастин Клајверт испиша историја и стана првиот играч кој постигнал хет-трик со три прецизно изведени пенали на еден ист натпревар, учинок кој стана посебно вирален и поради едно видео кое е вистински хит на социјалните мрежи.

Напаѓачот на Борнмут трипати ја презема одговорноста и покажа максимална прецизност во дуелите со Жозе Са, но последната реализација е посебно споделувана поради еден домашен фан.

Дел од навивачите на Вулверхемтон веќе не бираа начини за да го деконцентрираат Клајверт, па еден од нив реши да примени и откачена техника.

Камерите уловија како еден навивач на Вулвс му го покажува меѓуножјето и голиот стомак пред Клајверт да го изведе пеналот, но овој вид на деконцентрација сепак не влијаеше негативно врз напаѓачот.

Џастин мирно го надмудри Са и го постигна третиот гол, па така се запиша во историјата на Премиер лигата во услови кои станаа и вирални на интернет.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни