Видео на денот: Како мексиканските фанови го прославија победничкиот гол среде Берлин

meksiko-fanovi

Мексико оствари голема победа на „Лужники стадионот“ изненадувајќи го светскиот шампион Германија, но наспроти лудото славје во Москва и Мексико Сити каде бил регистриран и земјотрес, едно уникатно видео ни пристигна и од германската престолнина.

Во Берлин било организирано заедничко следење на натпреварот во таканаречениот фан парк, а покрај илјадниците германски фанови, измешани во толпата биле и 50-тина мексикански фанови кои со своето славје при голот на Лозано го изрежираа видеото на денот кога се во прашање случувањата на фудбалскиот мундијал.

Facebook Коментари