Поврзете се со нас

Свет

Видео на денот: Исплашениот Дарвин во прегратка на својот син кој го спаси од хаосот на трибините

Објавено

на

Foto:x.com/Uruguay

Полуфиналето во Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија ќе се памети по пласманот на „кафетеросите“ во финалето, но за жал и по една немила сцена по последниот судиски свиреж.

Црна дамка од второто полуфинале на престижниот турнир кој се игра во САД е страшниот инцидент кој настана на трибините по последниот судиски свиреж, мешаница во која беа опфатени и најблиските лица на фудбалерите на Уругвај.

Во обид да го спаси своето семејство, Дарвин Нуњез влезе во жестока пресметка со навивачите и повеќе од јасно е дека ќе добие голема казна од КОНМЕБОЛ, но уругвајските фудбалски фанови не се занимаваат со тоа и само го потенцираат херојскиот чин на напаѓачот.

Сакајќи да ги заштити своите најблиски, напаѓачот на Ливерпул со голи раце делеше тупаници и прими неколку удари од колумбиските навивачи, но на крајот ја оствари целта и го донесе својот син на сигурно.

По лудата ситуација, режисерот на телевизискиот пренос го долови и видеото на денот, односно покажа како исплашениот Дарвин завршува во прегратка на синот кој го спаси од хаосот на трибината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни