Поврзете се со нас

Боречки спортови

Видео кое поттикнува теории на заговор: Тајсон намерно не задава удар за да не го нокаутира Пол

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/netflix

Величествената борба која се најавуваше со месеци ги разочара искрените љубители на боксот, бидејќи блокбастерот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол не понуди спектакл каков што се очекуваше.

Двајцата борци беа доста резервирани и не си задаваа сериозни удари, па токму поради тоа се отворија и теории на заговор на социјалните мрежи, според кои борбата во Тексас била наместена.

Самиот Џејк Пол по победата изјави дека намерно не му задавал тешки удари на 31-година повозрасниот боксер во периодот од третата до осмата рунда, но сега се појави и едно видео на социјалните мрежи кое ја доведува во прашање и иницијативата на Тајсон.

Мајк изгледаше навистина брзо и брутално на тренинзите кои самиот ги објавуваше во подготовките за борбата, а на прикажаното видео со своето движење само ги зголеми теориите дека единствена цел од борбата било да се заработат пари.

Според статистиката, Тајсон испорачал вкупно 18 удари кон познатиот јутјубер, што дефинитивно е премалку за една борба кој се најавуваше како бокс-спектакл.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни