Поврзете се со нас

Шпанија

Видео кое не беше прикажано во ТВ пренесот: Лапорта се расплакал во вип ложата по „Ел Класико“ драмата

Објавено

на

Жоан Лапорта го презема претседателското место во Барселона во многу сложена ситуација и мораше да донесе неколку многу тешки одлуки за да обезбеди пари за трансфери, но и покрај сите предизвици, заедно со Чави создаде конкурентен тим кој ќе може да се бори за титулата.

Уште на стартот на сезоната, Лапорта нагласи дека главна цел на Барса ќе биде трофејот во Ла Лига, кој од неделата вечера е се поблиску до „Камп Ноу“.

Каталонскиот гигант влезе во „Ел Класико“ дербито со Реал Мадрид со девет бода предност, па иако „кралевите“ имаа шанса да дојдат на „минус шест“ и да ја разгорат битката за титулата, се случи спротивното.

Барса победи во драматична завршница и постигна гол за триумф во 92-та минута, а погодокот на Кеси предизвики вистинска екстаза на теренот.

Вчера беше пренесена реакцијата на Чави, а се појави и видео од „Ден подоцна“ кое открива дека претседателот Лапорта се расплакал од емоции во вип ложата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни