Поврзете се со нас

Светски првенства

Видео кое им ги стопли срцата на фудбалските фанови: Шчесни го тешеше својот расплакан син по елиминацијата на Полска

Објавено

на

Војчех Шчесни беше клучен за пласманот на Полска во нокаут фазата на Светското првенство и извонредно го бранеше својот гол со феноменалните одбрани, па иако беше на нивото на задачата и против Франција, сепак немаше решение за супер расположениот Килијан Мбапе.

Голманот на Јувентус немаше одговор за двете „бомби“ на Мбапе во второто полувреме кои го решија прашањето околу победникот и патникот во четвртфиналето, сценарио кое најтешко го прифатил неговиот син.

Четиригодишниот Лијам со солзи во очите го проследил поразот и елиминацијата на Полска, а Шчесни како добар татко, морал да го теши својот наследник по последниот судиски свиреж.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи и им ги стопли срцата на фудбалските фанови, кои се уверија дека покрај голманските квалитети, Шчесни се истакнува и како добар родител.

После овој турнир, Војчех сега се враќа во Торино во редовите на Јувентус, каде ќе го чека турбулентен период поради големите промени кои ќе настанат во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни