Поврзете се со нас

Англија

Видео кое ги трогна фановите на Ливерпул: Клоп шета сам на празниот терен на „Енфилд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп имал институционално испраќање со директорите и водечките луѓе во Ливерпул во пресрет на неговиот последен меч како менаџер на Ливерпул, но сепак дел од вработените на стадионот се погрижиле да видиме и сцени кои брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Германецот се подготвува за својот проштален меч во недела на „Енфилд Роуд“ и јасно е дека ќе има многу емоции на теренот и трибините, а како најава за тоа, дел од навивачите веќе се трогнати од видеото кое кружи на интернет.

По обавените задачи и средбата со директорите и газдите на клубот, Клоп побарал да остане сам и да воспостави специјална конекција со празниот стадион, на кој доживеа многу незаборавни моменти во изминатите девет години.

Клоп самостојно реши да си замине од Ливерпул и покрај тоа што имаше важечки договор со клубот, па јасно е дека во недела ќе се стави крај на една убава и блескава ера.

Јирген пристигна на „Енфилд“ во 2015-та година, а оттогаш Ливерпул со него на чело ги освои сите најважни титули, вклучувајќи ја и онаа во Премиер лигата по пауза од цели три децении.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни