Поврзете се со нас

Европски првенства

(ВИДЕО) Каков татко, таков син – Мерино јуниор го направи истото како сениор пред 33 години

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Микел Мерино, херојот на победата на Шпанија над Германија во четвртфиналето на ЕУРО, го направи истото како неговиот татко 33 години претходно на истиот стадион.

Мигел Мерино, тогаш играч на Осасуна, постигнал гол против Штутгарт во натпревар од Купот на УЕФА, прв за гостите на тој натпревар, и придонел за победа од 3–2.

Стрелец беше Мерино сениор во 12. минута.

Тогаш, се разбира, и во најлудите претпоставки, тој не можеше да предвиди дека неговиот наследник (кој не беше ни во план тогаш) во истиот град, во многу поважен момент, исто така ќе постигне гол na истиот стадион и донесе радост на неговиот тим.

Тато Мигел и синот Микел во овој случај покажаа дека крушата не паѓа далеку од дрвото- и двајцата го прославија голот на ист начин. Играа околу корнер знаменцето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни