Видео број еден на Твитер: Што изјави Пеп минатата сезона за можната казна од УЕФА

pep-navednat

Манчестер Сити беше неочекувано раздрман вчеравечер откако УЕФА соопшти дека „граѓаните“ поради големо непочитување на финансискиот фер-плеј ќе бидат суспендирани од настап во Лигата на шампионите во наредните две години, казна која ако ја потврди и Судот за Спортска арбитража во Лозана ќе биде огромен удар за плановите на клубот од „Итихад“.

Тука на прво место се става иднината на Пеп Гвардиола кој и онака има многу понуди за нов чекор во кариерата, а евентуално одбивања на жалбата која ќе ја достави Сити, ќе значи огромна шанса за останатите клубови да го привлечат Шпанецот во своите редови. Тешко е да се верува дека Гвардиола ќе остане во Сити доколку клубот остана без настап во најелитното натпреварување во наредните две сезони, а додека се прават претпоставки каде би можел да заврши, на социјалните мрежи убедливо најсподелувано видео е она од пресот кој го одржа Пеп минатата сезона.

Тогаш Гвардиола беше преубеден дека Сити нема да биде казнет од УЕФА за непочитување на фер-плејот, нагласувајќи дека им верува на сите оние кои работата околу него и на зборовите кои му ги проследуваат. Една година подоцна, сценариото е сосема поинаков, па ќе видиме како сето ова ќе се одрази во Сити.

Facebook Коментари