Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Видал за неколку секунди заработи два жолти картони и влезе во одбрано друштво (Видео)

Објавено

на

Интер лошо го започна натпреварот против Реал Мадрид, откако уште во стартните минути гостите добија пенал, кој преку Азар го претворија во водство.

Италијанскиот тим имаше императив да оди на победа на дербито, но во продолжение од првиот дел остана и без Артуро Видал.

Чилеанецот протестираше кај судијата Ентони Тејлор бидејќи над него не беше досуден пенал, а за тоа заработи жолт картон.

Видал реши малку поагресивно да го прекори англискиот судија за одлуката, па експресно доби и втора опомена, што значеше и црвен картон.

Со овој црвен картон, Видал стана само трет фудбалер кој добил црвен картон со три различни екипи во Лигата на шампионите. Тоа им успеало и на Патрик Виеира и Златан Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни