Поврзете се со нас

Англија

Видал со совет до Гарначо: Даде одличен гол, ама мора…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед полесно од очекувањата дојде до трите бода во соочувањето со Евертон во Премиер лигата, средба која беше одбележана од страшниот погодок на младиот Алехандро Гарначо.

Офанвецот успеа да постигне мајсторски, акробатски гол на почетокот на средбата на „Гудисон Парк“ и на тој начин ја најави победата на „црвените ѓаволи“.

Сите се воодушевени од ремек дело, потегот кој најверојатно ќе му го донесе голот на сезоната, но според Артуро Видал во целата таа ситуација има една работа што не чини, поточно има замерка тоа што Гарначо слави како Кристијано Роналдо за кого не крие дека е негов идол.

-Единствената лоша работа или она што не го разбрав е зошто тој слави како Кристијано? Тој мора да направи свое име. Тој е веќе одличен играч. Добро е што е негов идол, почит кон тоа, но мора да направи свое име. Како ќе прославите гол и како ќе го запаметите? Не знам, прославете го на друг начин. Но, тоа беше одличен гол, тоа беше одличен гол, -порача Чилеанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни