Лига на шампиони
Видал со анализа на првото коло: Го изгледав најлошиот меч во историјата на ЛШ

Артуро Видал се врати во Јужна Америка и кариерата ја продолжи во Атлетико Параенсе, но и од голема далечина, се уште не трга око од она што е актуелно во европскиот фудбал.
Чилеанскиот фудбалер во моментов се рехабилитира од повреда на коленото, а тоа му овозможило на мир да го гледа првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
Видал открива дека изгледал неколку натпревари кои беа на програмата во вторникот и средата, со напомена дека заклучокот воглавно бил разочарувачки.
Артуро е посебно критички настроен за мечот на „Сан Сиро“, немаше добри зборови и за играта на Манчестер Сити, а највозбуден бил од дуелот меѓу Шахтјор и Порто.
– Го изгледав најлошиот меч во историјата на Лигата на шампионите, оној меѓу Милан и Њукасл. Глупаците од Милано ми нанесоа болка, а на крајот имаа и среќа. Се што знаат е да трчаат, немаше ни да бидат во Лигата на шампионите без тој квалитет. Од друга страна, од Њукасл ми се згади, не можам да ги сфата. Беа четврти во Премиер лигата и требаше да го стават животот на коцка на првиот меч во ЛШ. Наместо тоа, тие ме разбеснија со својата игра.
– Порто и Шахтјор беше извонреден меч за гледање, Сити беше досаден како и обично. Исто така, ми се допадна второто полувреме од мечот меѓу ПСЖ и Борусија, во првото задремав, – открива Видал.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек