Поврзете се со нас

Шпанија

Видал се пофали со својот учинок по трофејот со Интер, Пике брутално го истрола: Така е кога играш против сакати…. (Фото)

Објавено

на

Артуро Видал се врати во Италија за да соработува со Антонио Конте и без многу размислување ги прифати шампионскиот проект кој го подготвуваа „нераѕурите“ минатото лето, кој 10 месеци подоцна, и официјално вроди со плод и му го донесе толку посакуваното Скудето на Интер.

Клубот од „Џузепе Меаца“ стигна до својата 19-та титула во домашното првенство и ја прекина страшната доминација на Јувентус во изминатите девет години, а тоа го направи тренерот кој всушност ја започна неверојатната серија на „старата дама“. Антонио Конте заслужува голема пофалба за тоа што го направи, но во денови кога сите околу клубот се еурофични, се истакна и една статистика поврзана за Артуро Видал.

Чилеанецот по се изгледа се претвори во специјалист за освојување домашни првенства, бидејќи триумфираше во девет од последните десет национални првенства кои ги играше во Италија, Германија и Шпанија. Видал освои четири титули со Јуве во Серија А, три титули во Бундеслигата со Баерн, еднаш славеше со Барселона и Интер, што значи дека во последните 10 години, не беше шампион во домашното првенство само лани кога Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига.

Ако се оди уште наназад, „Кинг Артуро“ има серија од 12 титули во националните лиги во кои настапувал во изминатите 15 години, па кога реши и самиот да се пофали за овој податок, беше брутално истролан од Жерард Пике.

– Многу години, многу соиграчи, големи клубови и многу навивачи. Им благодарам на сите кои ме следеа во овој успех. Има уште многу историја за испишување, одиме по повеќе, – порача Видал, а Пике го „поздрави“.

– Така е кога играш против сакати…. Каде е титулата во Лигата на шампионите, – му порача Пике, а Чилеанецот брзо возврати.

– Следната е моја, – порача Видал кој го нема освоено трофејот во најелитното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни