Поврзете се со нас

Шпанија

Видал ја брка деветтата лигашка титула во низа: Пред нас се единаесет финалиња

Објавено

на

Големиот борец, Артуро Видал е подготвен за враќање на фудбалските терени, предизвиците и освојување на нова лигашка титула со Барселона.

Чилеанецот сака да ја продолжи својата извонредна серија на освоени првенствени трофеи која започна во Јувентус, продолжи во Јувентус, лани со Барса исто триумфираше, па неговата желба е да го задржи тој учинок и да го прослави деветтиот лигашки успех во низа.

-Овие 11 натпревари ќе бидат 11 финалиња, на сите тоа ни е јасно и дека ќе биде тешко. Мораме да веруваме во себе, мора да размислуваме за победа и исто така да го правиме тоа на најдобар начин. Би било сон да освојам девет лигашки трофеи во низа затоа што e многу тешко да се дојде до тој рекорд.

-Сè уште добро се чувствувам и ќе продолжам да се борам и да освојувам трофеи. Неколку играчи во историјата тоа го имаат направено и јас сум горд. Се надевам дека ќе ја освојам деветтата титула тука со Барселона, -порача Видал.

Барса на 11. коло до крајот на Ла Лига има два бода предноста на табелата во однос на вечниот ривал Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни