Вида доби директен црвен, турските фанови го обвинија Левандовски за симулирање (Видео)

domagoj-vida

Црвениот картон на Домагој Вида може да има големо влијание врз исходот од двомечот меѓу Баерн Минхен и Бешикташ во осминафиналето на Лигата на шампионите, а хрватскиот интернационалец го доби во 16. минута на средбата на „Алијанц арена“.

По грешката на Хачинсон, Вида стартуваше над Роберт Левандовски кој ќе се најдеше пред голманот на Бешикташ, а според судијата Хацеган имало прекршок кој поради ситуацијата на теренот значеше и исклучување.

Фановите на Бешикташ се бесни на Левандовски и сметаат дека полскиот фудбалер симулирал, односно намерно изнудил прекршок во ситуација кога Вида не го закачи со својот старт.

Facebook Коментари