Вицешампионот е непрепознатлив: Кливленд падна во Индијанаполис, откако испушти предност од 22 разлика (Видео)

lebron-stivenson

Вицепрвакот во НБА лигата тимот на Кливленд Кавалирс минува низ тежок и турбулентен период во кој бележи навистина лоши резултати.

Рано утрово го претрпе седмиот пораз на последните десет натпревари, трет во низа и тоа на гостувањето во Индијанаполис кај Индијана Пејсерс со 97-95. На гостите од Охајо не им помогна ниту одличниот старт и водството од 22 поени во првиот дел, па им дозволија на домаќините постепено да се вратат во дуелот и потоа да направат целосен пресврт за победа.

Ова за Индијана беше трета сезонска победа над Кливленд што се случува за прв пат по натпреварувачката 2013-2014.

Колисон со 22 поени беше прв стрелец, Оладипо уфрли 19, а пак дабл-дабл ефекти имаа Стивенсон (16 поени, 11 скокови) и центарот Сабонис (12 поени, 15 скокови). Најистакнати поединеци кај гостите беа Џејмс со 27 поени, 11 асистенции, 8 скокови и Лав со 21 поен и 10 скокови.

Голден Стејт Вориорс пак и без Стеф Кари славеше кај Милвоки со 108-94. Одговорноста ја презема Дурент и „испука“ 26 поени со 6 скокови и 6 асистенции, а одличен беше и Грин со 21 поен и 10 скокови.

Грчкиот ас Адетокунбо се истакна кај Бакс со вкупно 23 поени.

Останати резултати:

Шарлот-Јута 99-88

Вашинготн-Орландо 125-119

Атланта-Бруклин 105-110

Милвоки-Голден Стејт 94-108

Њу Орлеанс-Портланд 119-113

Денвер-Феникс 87-78

Феникс-Хјустон 95-112

Facebook Коментари