Шпанија
Ветувања од сите страни: Уште еден претседателски кандидат најави ангажман на две супер ѕвезди

Фудбалскиот клуб Барселона во март ќе добие нов претседател откако конечно ќе се одржат долго очекуваните избори на кои битката за фотелјата ќе ја водат неколку познати и признати дејци од Каталонија.
Прв фаворит за позицијата е Жоан Лапорта, а како најголем негов ривал се смета Тони Фреикса кој со своето последно интервју се обиде дополнително да си го подобри рејтингот пред изборите.
Фреикса во изјава за „Радио Каталуња“ истакна дека Барселона и покрај загубата од над милијарда евра може да ангажира бомбастични засилувања како Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Директно прашан од новинарот дали клубот би можел да ги ангажира овие играчи, Фреикса одговори:
– Апсолутно е возможно, тоа е она што Барселона треба да го прави, да носи играчи кои ќе направат разлика, -истакна Фреикса, но потоа одби да даде одговор на дополнителното прашање дали ќе тргнат по Мбапе и Халанд.
– Нема да зборуваме за имиња се додека не ги презентираме во клубот. Тоа е лоша стратегија затоа што им давате дознаење на другите клубови да ги забрзаат преговорите, -заврши Фреикса.

- Англијапред 20 часа
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 18 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- Англијапред 17 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- НБАпред 18 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 22 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 16 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 20 часа
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена
- Англијапред 21 час
Брус имаше блиска средба со Солскјер, па беше налутен од едно новинарско прашање: Сите мислат така или само ти?