Поврзете се со нас

Свет

Ветерот како сојузник: Чикаго победи со несекојдневен гол во последната минута (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChicagoFire

МЛС натпреварот меѓу Чикаго и Монтреал донесе многу возбудувања, седум гола и неверојатно сценарио за решавање на победникот во судиското надополнување.

Гостите во 71. минута поведоа со 1:3 и се чинеше дека се блиску до триумф, но Чикаго не се откажа и во 84. намали на 2:3, а во судиското надополнување го комплетираше пресвртот.

Првиот гол за израмнување е постигнат во 95. минута, за четири минути подоцна Акоста да донесе вистинска еуфорија на стадионот.

Американскиот фудбалер се обиде да нафрли во близина на шеснаесетникот на гостите, но ветерот го измами противничкиот голман и топката заврши во мрежата за конечни 4:3 и вистинско лудило на стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни