Поврзете се со нас

Македонија

Ветеранот Тасовски ќе игра на 40 години и ќе ја заврши кариерата во Гостивар

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар продолжи да го обезбедува својот најдобар ростер и да ги задржува играчите кои правеа разлика на теренот, па таков е и последниот пример кој ни доаѓа од познатиот кошаркарски град во нашата земја.

Откако Гостивар ги договори Костоски, Димчевски и Амрстерд, оваа вечер пристигна официјална информација дека е подадена рака и со ветеранот Диме Тасовски.

Триесет и деветгодшниот играч ќе игра кошарка и во својата петта деценија во животот, бидејќи одлучи да стави потпис на договорот според кој ќе се пензионира во 40-та година од животот.

– Еден од најдобрите играчи во историјата на македонската кошарка и еден од најтрофејните кошаркари реши да продолжи уште една година со нас, која ќе биде и негова последна во кариерата.

– Чест ни е што одлучи да ја заврши блескавата кариера во нашиот град! Ова ќе биде негова четврта сезона во градот на кошарката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни