Поврзете се со нас

Свет

Ветеранот Шкоф со порака до тренерот: Мора да го форсираш Томовски, ова е негово време

Објавено

на

Македонскиот голман, Мартин Томовски и во наредната сезона ќе биде дел од Лудвигсхафен каде за конкуренција одново ќе го има и ветеранот Горазд Шкоф.

Словенецот наредниот месец ќе наполни 43 години, но ја прифати понудата на остане во бундеслигашот и да им помага на двајцата помлади колега, Томовски (22) и Леон Хоблај (21). Шкоф е свесен дека најдоброт од него е зад него и дека младите треба да добијат шанса, бидат во прв план и тоа директно му го посочил на тренерот Бенјамин Мачке.

-Јас сум стар. Поради ова јас му кажав на Бен да го форсира Мартин, потребно е повеќе да игра, -истакна Шкоф кој дефинитивно верува во Томовски.

Поранешниот член на Металург во претходната кампања имаше 121 одбрана на 16 мечеви (32 проценти на одбрани), бројка што е повеќе од коректна и секако добра најава за уште подобри партии во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни