Поврзете се со нас

Шпанија

Ветеранот Реина со порака за Винисиус: Не може да води војна на секое гостување

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/VillarrealCF

Расистичките напади на сметка на Винисиус на гостувањето на Реал Мадрид кај Валенсија и натаму се топ тема во шпанската јавност, а со коментар се приклучи и искусниот Пепе Реина.

Голманот на Вилјареал вчера стигна до 1.000 настап во професионалната кариера, а неговиот тим му го разубави јубилејот со победа над Кадиз и продолжување на битката за што подобра позиција на табелата до крајот на сезоната.

Реина ги коментирал случувањата со Бразилецот и испратил порака до новата ѕвезда на Реал.

– Колку поретко ги провоцираш противничките фанови и колку ретко протестираш кај судијата, ќе добиеш поголемо почитување од другите.

– Винисиус станува еден од најдобрите во светот, но мислам дека мора да созрее во однесувањето и да има поголемо почитување кон противничките фанови.

– Треба да разбере неколку непишани, а важни правила во фудбалот, што истовремено ќе му овозможи и да игра уште подобро на теренот. Не може секој гостински натпревар за него да биде војна, – вели искусниот Реина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни