Поврзете се со нас

Италија

Ветеранот Педро го врати Лацио на победничките патеки (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио во најлоша можна атмосфера ја почна оваа работна недела, но ја завршува истата со максимален учинок од шест бода, по три во Лигата на шампионите и Серија А.

Тимот на Маурицио Сари одлично одговори во Европа и со победа го завери пласманот во осминафиналето, а вечерва после три кола ја прекина лошата низа и победи во домашното првенство.

Иако играше речиси 70 минути со играч повеќе, Лацио победи со минимални 1:0 против Калјари, а моментот на одлука пристигна во раната фаза, кога Лацари заврши најголем дел од задачата, а Педро погоди во мрежата на гостите.

Лацари беше упорен и се избори за една топка до која поблиску беше противникот, па потоа несебично додаде до ветеранот Педро кој мирно и рутинирано ја спроведе топката во голот.

Калјари во 27-та минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Макумбу, но тоа не донесе премногу негативни работи кај гостите од Сардинија кои на крајот загубија со минимален резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни