Поврзете се со нас

Свет

Ветеранот останува на исто место: Суарез потпиша нов договор со Интер Мајами

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Искусниот уругвајски напаѓач, Луис Суарез и во иднина ќе биде дел од ѕвездениот МЛС состав Интер Мајами.

Тој дојде во оваа средина по епизодата во Бразил каде беше дел од Гремио, потег кој се покажа како вистински за него затоа што игра навистина импресивно и покрај сите проблеми со колената за кои има говорено во минатото.

Популарниот Ел Пистолеро на вкупно 33 натпревари за клубот од Флорида постигна 23 гола и забележа 10 асистенции.

-Многу сум среќен, многу возбуден што ќе продолжам уште една година и што ќе можам да уживам да бидам тука со оваа база на фанови, која за нас е како семејство. Се чувствуваме многу, многу поврзани со нив и се надеваме дека следната година ќе им донесеме уште поголема радост, -порача Суарез кој според новиот договор треба да остане до крајот на 2025 година.

Луис во Интер Мајами ќе се обедини со уште еден поранешен соиграч од Барселона, Хавиер Маскерано кој во новата кампања ќе ја има улогата на тренер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни