Италија
Ветеранот останува на „Џузепе Меаца“: Џеко ја прифатил понудата од Интер

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко ќе продолжи да го носи дресот на Интер и по крајот на оваа сезона.
Актуелниот договор на ветеранот му истекуваше на крајот на месец јуни и беше неизвесно, отворено дали тој ќе ја продолжи соработката, дали ќе остане на „Џузепе Меаца“. Един во неколку наврати имаше интересни пораки во кои јасно потенцираше дека клубот е на потег, а како што стојат работите двете страни на крајот пронашле заеднички јазик и голгетерот нема да ја промени сегашната средина.
Иако неговата желба била да добие двегодишен договор на крајот се решил да каже „ДА“ за договор со важност до јуни 2024 година. Според истиот ќе заработува по 5 милиони евра што е помалку од претходниот вреден 6 милиони евра.
Босанецот пред Интер настапуваше во Рома, Сити, Волфзбург, Усти над Лабем, Теплице и неговиот матичен клуб Железничар од Сараево.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки