Поврзете се со нас

НБА

Ветеранот Милс договорил нов ангажман во НБА

Објавено

на

Пети Милс неочекувано остана без ангажман среде сезона, но веќе договорил соработка со нов клуб во НБА лигата.

Австралискиот репрезентативец сезонава одигра само 19 натпревари во дресот на Атланта пред да биде отпуштен од Хоукс, а сега ќе биде член на Мајами Хит.

35-годишниот бек ќе донесе потребно искуство на својата позиција во ростерот на Мајами, а за „жешките“ посебно значење имаат неговите 95 натпревари во плејофот на НБА лигата.

Најголемиот успех Милс го постигна како член на Сан Антонио, кога Спарс во 2014 година стигна до титулата по триумфот во финалето токму против Мајами.

Мајами во моментов има седми најдобар скор на Истокот со ефект 34-26.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни