Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ветеранот Куцка направи шоу откако Слован го доби Милан за противник во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/SKSlovan

Вчерашната ждрепка за Лигата на шампионите ги одреди противниците за секој од 36-те учесници во елитното европско натпреварување, а новиот формат значеше и малку подолго чекање за добивање на комплетната слика меѓу клубовите кои не беа во првиот шешир.

Посебно нетрпение имаше и кај дебитантот Слован, а членовите на словачкиот клуб заеднички го следеа шоуто на УЕФА од Монако, за да дознаат со кои осум екипи ќе се соочат во првата сезона во Лигата на шампионите.

Слован од вториот шешир го доби Милан, а тоа беше причина за интересна реакција на искусниот Јурај Куцка, кој дефинитивно се израдува што тој и соиграчите ќе се соочат со неговиот поранешен клуб.

Слован ќе му биде домаќин на Милан, па ќе се обиде да го изненади италијанскиот великан, во чии редови Куцка настапуваше меѓу 2015 и 2017 година. Други ривали на словачкиот состав ќе бидат Манчестер Сити, Динамо, Штутгарт, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Џирона и Селтик.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни