Ветеранот Хоакин постигна хет-трик за 20 минути и испиша фудбалска историја (Видео)

joakin-gol

Хоакин Санчез повеќе од две децении ја радува светската фудбалска јавност со своите партии, но во својата 38-ма година во животот, за првпат постигна хет-трик во кариерата и со истиот со златни букви го испиша своето име во историјата на шпанскиот фудбал.

Фантастичниот крилен фудбалер постигна три гола во првите 20 минути од денешниот меч меѓу Бетис и Атлетик Билбао, со кои на својот тим му донесе предност од 3:0. Со овој подвиг, Хоакин првпат постигна три гола на еден официјален натпревар, а воедно стана и највозрасниот играч во историјата на шпанскиот фудбал кој изрежирал хет-трик во елитното друштво.

Facebook Коментари