Поврзете се со нас

Македонија

Ветеранот Цуцули повторно ќе го носи дресот на Шкендија

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Шкендија има амбиции сезонава повторно да се врати на врвот во домашниот фудбал и да биде број еден, па гради квалитетен тим во кого место ќе има и за искусниот Ардијан Цуцули.

Ветеранот се враќа во „црвено-црното“ семејство по пауза од четири години, период во кој играше во Кукеши и Дрита од Гњилане.

-Кога станува збор за Шкендија, нормално секој камбек е емотивен. Духовно сум поврзан со Шкендија бидејќи најславните години во кариерата ги поминав како фудбалер носејќи го дресот на Шкендија. Еве се враќам во мојот дом, тука имам и соиграчи со кои во минатото игравме заедно во Шкендија.

-Со Шкендија првпат бевме шампиони во 2011 година и верувам дека оваа година заедно ќе ги оствариме нашите цели и ќе ја вратиме шампионската титула, -порача Цуцули кој со клубот од Тетово има освоено пет трофеи (2 домашни титули, 2 купа и 1 Супер куп).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни