Поврзете се со нас

Македонија

Ветеранот Чантурија потпиша за Прилеп

Објавено

на

Искусното грузиско крило, Реваз Чантурија и во наредната сезона ќе игра во клуб во Македонија и тоа во новиот суперлигаш РК Прилеп.

Чантурија долги години настапува во нашата земја, односно од 2004 година кога дојде во таборот на Металург од каде потоа премина во Вардар, па играше за Пелистер, Макс Струмица, повторно Пелистер, Струга, Металург за да сега си подаде рака со составот на Прилеп.

Тој е вториот Грузиец кој новиот тренер Горан Кузманоски ќе го има на располагање, претходно прилепчани се договорија со голманот Зураб Цинцадѕе.

Грузиски репрезентативец ќе го чува голот на Прилеп (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни