Вестбрук со звукот на сирената за победа на Оклахома (Видео)

Rasel Vestbruk

Оклахома Тандерс тесно успеа да слави против Сакраменто Кингс со резултат од 110:107 и тоа благодарение на постиганиот кош во последната секунда од натпреварот од страна на Расел Вестбрук.

Инаку кошаркарите на Оклахома го имаа натпреварот во свои раце и дури во еден период водеа со 44:21, но во во третата четвртина Сакраменто се разбуди од сонот и ги зема работите во свои раце поведувајќи со 90:85.

Но, на крај, Сакраменто испуштија продолжение, а за тоа виновен беше прецизниот шут на Вестбрук во последната секунда од натпреварот.

Во победничкиот тим најефикасен беше Пол Џорџ кој убаци 26 поени, а беше следен од Кармело Ентони со 23 поени и Расел Вестбрук кој натпреварот го заврши со 17 поени, 15 скокови и 11 асистенци, кој воедно беше негов 18. ,,трипл-дабл” .

Кај поразениот тим се истакна Зек Рендолф со 29 поени 12 скокови и Бади Хил кој успеа да убаци 19.

 

Facebook Коментари