Поврзете се со нас

НБА

Вестбрук по лошата партија против Лејкерс: Ќе мора да…

Објавено

на

Составот на Хјустон Рокетс загуби од Лос Анџелес Лејкерс со 117-109 во вториот меч од полуфиналната серија на Западот, пораз за кој дефинитивно улога одигра Расел Вестбрук.

Вестбрук не беше на своето ниво иако забележа дабл-дабл од 10 поени и 13 скокови, но имаше седум загубени топки, шутираше еден од седум за три поени или поточно Хјустон со него на паркетот имаше учинок од минус 14.

-Во моментов само трчам наоколу. Морам да погледам и и да сфатам како да бидам поефективен, -истакна Рас кој е свесен за своите грешки.

-Некои од нив се мои грешки, некој судиски одлуки. Ама знаете, ова е на мене. Јас не покажувам со прст кон никој друг. Ова е моја игра, јас ги правам своите грешки. Јас го правам тоа што го правам и тоа е тоа, -дполни Вестбрук кој се надева дека ќе проработи на вистински начин.

-Ова се случува, ова е во ред. Ќе се вратам следниот меч и ќе бидам подготвен. Серијата е 1-1, -заклучи ѕвездата на Хјустон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни