Вестбрук со нов трипл-дабл донесе победа за Оклахома, Хјустон ја продлабочи кризата во Сан Антонио (Видео)

Скромна беше понудата на натпревари во НБА лигата, односно се одиграа само четири на кои три победи оставрија домашните состави.

Во дербито на вечерва Хјустон го доби тексашкото дерби против Сан Антонио со 109-93. „Ракетите“ беа поквалитетен ривал во „Тојота Центарот“, ја градеа предноста од период во период и заслужено дојдоа до 53 победа со која се на првото место на Западот.

Харден уфрли 28 поени со 6 скокови и исто толку асистенции, плејмејкерот Пол пак даде 18 кошеви со 9 асистенции и 3 скокови. Во таборот на Спарс за кои ова беше 11 пораз на последните 14 мечеви прво име беше Форбс со 14 поени.

Расел Вестбрук го забележа 20. сезонски трипл-дабл со што и овозможи на Оклахома да го добие составот на Сакраменто со 106-101. Рас имаше 17 поени, 10 скокови, 11 асистенции и заедно со дуото Ентони-Џорџ кое искомбинира 42 поени додена очекуван триумф на Тандер со кој се на 4 место во западната конференција.

Останати резултати:

Портланд-Мајами 115-99

Мемфис-Милвоки 106-101

Facebook Коментари