Вестбрук маестрален во победата против Јута, Портланд доби нова ѕвезда во името на Бил кој постигна 51 поен

Rasel Vestbruk1

Оклахома влегува во победничка серија. Тие успеаа да ја забележат трета победа по ред и ги поразија кошаркарите на Јута со резултат од 100:94. Лидерот на Оклахома, Расел Вестбрук го постигна 7. „трипл-дабл“ сезонава со реализирани 34 поени, 14 асистенции и 13 скока. Натпреварот беше решен во последната четвртина кога Оклахома одигра добра одбрана и направи разлика, за на крајот да забележи победа. Кај Јута се издвои Донован Мичел со уфрлени 31 поен.

Бредли Бил го искористи отсуството на првата ѕвезда во тимот, Џон Вол и ја одигра животната партија во неговата кариера. Тој успеа да забележи 51 поен за тимот на Вашингтон кој успеа да победи на гостувањето во Портланд со резултат од 106:92. Портланд покрај поразот, остана и без ,,столбот под кошевите” босанскиот центар Јусуф Нуркиќ.

Facebook Коментари