Поврзете се со нас

НБА

Вестбрук го израмни рекордот на Робертсон, Кари погоди 11 тројки за 29 минути (Видео)

Објавено

на

Расел Вестбрук со реализирани две слободни фрлања и клучна блокада во последниот напад на Индијана му донесе победа на својот Вашингтон, но пред да го направи ова, изрежира НБА историја и израмни еден рекорд за кој се сметаше дека никогаш нема да биде достигнат.

Оскар Робертсон беше долгогодишен „крал“ на трипл-дабл учиноците, но од денеска, во негово друштво се најде и Расел Вестбрук кој го израмни историското достигнување, а повеќе е јасно е и дека ќе го надмине и ќе избие прв на вечата листа.

Вестбрук го запиша својот 181-ви трипл-дабл учинок во кариерата и го израмни легендарниот Робертсон, издание со кое му донесе многу важна победа на Вашингтон со директниот ривал Индијана за влез во плеј-инот во НБА лигата. Расел го заврши мечот со 33 поени, 19 скокови и 15 асистенции, а во продолжението имаше клучна блокада во последната секунда за конечни 133:132.

Од останатите средби во Америка, за издвојување е и победата на Голден Стејт кој одигра извонредно против Оклахома (136:97), натпревар на кој неверојатен беше Стеф Кари.

Спектакуларниот „снајперист“ беше поштеден во последната четвртина и не одигра ниту една минута, откако претходно за 29 минути реализираше 49 поени, а погоди неверојатни 11 тројки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни